Вести Свет Топ вести

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати отворено писмо до Путин, упатувајќи лична покана и нудејќи средба лице в лице за да се стави крај на војната.

 Тој го кани Путин на состанок во неутрална земја за да се договорат условите за мировен договор и вели дека е подготвен на целосен прекин на огнот за време на преговарачкиот период и за почеток на мировни разговори со размена на затвореници по принципот „сите за сите“.

„Имаме разузнавачки информации дека разгледувате планови за продолжување на војната во 2027 и 2028 година.Гледаме дека Соединетите Американски Држави се целосно фокусирани на прашањето за Иран и би било погрешно  да чекаме војната во Европа да се врати во центарот на нивното внимание.

Украина предлага да се заврши оваа војна преку директни разговори меѓу нас – и вас. Предлагам состанок. Сите ги слушнаа вашите претставници како насмеано велат дека наводно би можел да дојдам во Москва. Но, по овие 26 години, украинскиот лидер нема работа во вашиот главен град, исто како што рускиот лидер нема работа во Киев. Постојат земји кои традиционално биле домаќини на лидери за решавање на прашања од војна и мир. Швајцарија, Турција, земјите од арапскиот свет – многумина се способни и подготвени да бидат домаќини на таков состанок“, пишува Зеленски и додава дека  лидерите се тие што ги решаваат клучните прашања. 

Во писмото, Зеленски пишува и за  неуспехот на Русија да го освои Киев, разорните ефекти од меѓународните санкции врз руската економија, огромните човечки загуби и растечкото незадоволство на руското население.

„Оваа војна е ваш личен избор. Речиси половина од вашите 26 години на власт во Русија ги поминавте во војна со Украина. Што и да кажете за НАТО, геополитиката и рускиот јазик, оваа војна е ваш личен избор – војна без вистинска причина. Историјата ќе ја памети така“, напиша Зеленски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе