Посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на Индија имаше за цел изгладување на затегнатите односи меѓу двете земји, по минатогодишните трговски спорови и царините поради продолжувањето на купувањето на руска нафта.
Но, во позадина на оваа четиридневна посета, е се поголемата конкуренција од Кина во Индиско пацифичкиот регион, како економска така и воена.
Рубио утре ќе одржи состанок со министрите за надворешни работи на Индија, Австралија и Јапонија, учеснички во Четиристраниот безбедносен дијалог, кој беше обновен во 2017 година.
Мислам дека КВАД (Четиристраниот безбедносен дијалог) е сѐ уште релевантен. Обединува четири демократски морнарици, чии интереси во Индо-Пацификот во најголем дел се поклопуваат. Тоа не е воен сојуз, и Индија не го смета за азиско НАТО, но тоа е група која може меѓусебно да соработува во повеќе стратешки области, вклучувајќи би рекла, воспоставување на алтернативни и издржливи синџири на снабдување и ретки минерали, смета поранешната индиска амбасадорка во САД, мира шанкар.
Овие три земји често ја критикуваат Кина за нејзиното дејствување во Јужното кинеско море, обвинувајќи ја дека милитаризира меѓународни води. Пекинг, пак, тврди дека единствената цел за постоењето на оваа иницијатива е да се спречи кинескиот подем и влијание во регионот.
