Пожар се шири во објект на поранешната фабрика за текстил во Радовиш. Во просториите кои се зафатени со огнот имало производствен погон и машини.

Во моментов на терен се повеќе противпожарни екипи кои се обидуваат да го локализираат огнот.
Од противпожарната единица во Радовиш известија дека горел магацин во просториите на поранешен Декортекс, во кои имало запаливи материјали.

Последните информации се дека пожарот е локализиран. Неколку пожарникари вдишале поголема количина на чад и имале полесни изгореници.
Причината за пожарот дополнително ќе се утврдува. .

Фотографиите се преземени од Radovish news и од Протвпожарната во Радовиш
