Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Гаши: Имам право да го прекинам премиерот, но не сакам да бидам арбитер и да одземам збор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во емисијата „Вин-вин“ изјави дека избегнува да интервенира во говорите на пратениците и функционерите од собраниската говорница, освен во случаи на навреди и говор на омраза, иако како претседател има деловничко право да го прекине секој говорник.

Изјавата доаѓа по забелешките дека од собраниската говорница сè почесто се испраќаат политички пораки кои навлегуваат во работата на други институции, вклучително и обвинителството.

„Јас имам право, но се трудам да не бидам арбитер и да не одземам збор. Сакам да дозволам да се искажат пратениците. Сè додека нема навреда или говор на омраза, се трудам да не упаѓам во збор на никому“, рече Гаши.

Во емисијата беше отворено и прашањето за настапите на премиерот од собраниската говорница, особено во ситуации кога коментира што треба да работи државниот обвинител. На констатацијата дека претседателот на парламентот има обврска да реагира во такви случаи, Гаши повтори дека неговиот пристап е да овозможи што поширока дебата.

Тој смета дека улогата на претседателот на Собранието не треба да се сведе на цензор на политички ставови, туку на гарант на процедурата и достоинството на институцијата. Гаши призна дека политичката култура во парламентот сè уште е предизвик, но оцени дека ограничувањето на говорот не е решение за проблемите во јавната дебата.

„Тоа е прашање на политичка култура“, посочи претседателот на Собранието, додавајќи дека институцијата работи и на нов етички кодекс за пратениците.

Тој повтори дека негов приоритет е да обезбеди простор за изразување на различни политички ставови, без притоа да се нарушат основните правила на комуникација и функционирањето на парламентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заврши и третиот повивик за нови автобуси, детали за понудувачите засега нема

Дејан Дејан

(Видео)Агент на имиграциска служба го усмрти Лоренцо Салгадо Араухо во Хјустон

Tea Dimkovska

Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале четири милијарди и 936 милиони евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе