Вести Македонија Топ вести

Претседателката до бугарскиот амбасадор во Словенија: Уставот во Македонија ги гарнатира правата на сите малцинства, вашиот не

И покрај тоа што Бугарите не се споменати во македонскиот Устав, тој им ги гарантира истите права како и останатите кои веќе се споменати во него, вели претседателката на Македонија Силјановска Давкова. Според претседателката, македоснкиот Устав  гарантира многу поголеми малцински права од многу земји кои се веќе дел од Европската унија. За разлика од нас, вели претседателката Сиљановска-Давкова, Бугарија не гарантира права на малцинствата во посебен член во уставот, туку само член за забрана на било каков вид дискриминација по било кој основ.

-ЕУ нема заедничка политика за правата на малцинствата и не е дел од таканареченото acquis communautaire. На пример, Франција и Грција се држави кои дури и не ја потпишаа конвенцијата за правата на малцинствата, ниту конвенцијата за регионални и локални јазици. Повеќето членки на ЕУ немаат ниту еден збор за правата на малцинствата во своите устави. Во вашиот Устав нема гаранција за правата на малцинствата. Имате за ова само во член 6, клаузула за антидискриминација која вели дека секој граѓанин е еднаков, без разлика на пол, раса или етничка и национална малцинска припадност, рече македонската претседателка во одговор на прашањето на бугарскиот амбасадор во  Словенија, Красимир Бојанов зошто додавањето на Бугарите во македонскиот Устав е спорно од идентитетски аспект, по нејзиното предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе