Вести Свет Топ вести

Ги растерувале со палки, користени и кучиња – Грузија ја прозва ЕУ за насилна интервенција на данската полиција против пропалестински активисти во Копенхаген

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе соопшти дека испратил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, барајќи од највисоките европски институции да се изјаснат за постапувањето на данска полиција кон демонстрантите во Копенхаген.

Повод за писмото на Кобахидзе е интервенцијата на данската полиција пред седиштето на „Мерск“ во Копенхаген, каде протестираа пропалестински активисти, обвинувајќи ја компанијата за учество во транспорт на воен товар поврзан со Израел. „Мерск“, пак, ги отфрли тврдењата дека свесно превезува оружје или воена опрема. Според извештаите на данските медиуми, полицијата употребила палки и кучиња, а по акцијата се пријавени повеќе приведувања и обвинителни предлози против учесници во протестот.

„Госпоѓо Урсула, господине Антонио, госпоѓа Роберта, ве прашувам, како претставници на највисоките европски институции на Европската унија, како го оценувате насилството што се случи во данската престолнина, Копенхаген, каде мирни демонстранти беа најпрво растерувани со паки, а потоа против нив беа користени кучиња“, рече Кобахидзе.

Според него, снимките од Копенхаген покажуваат сериозен проблем во однос на европските институции кон основните слободи, посебно кон правото на јавен собир. Кобахидзе порача дека она што го видел во Данска „е повеќе од загрижувачко“ и такви случаи, како што наведе, „не смеат да бидат премолчени“.

Премиерот на Грузија нагласи дека Европа, која долго време се претставува како простор на демократија, човекови права, слобода на говор и заштита на основните вредности, ризикува да стане пример на нивно кршење, ако на настани како во Копенхаген, не реагира јасно и доследно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи кој сака

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе