Најмалку 2707 смртни казни се извршени во 17 држави, се посочува во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“. Бројот егзекуции во светот минатата година достигнал највисоко ниво од 1981 година наваму. Растот се должи на „мала, изолирана група држави“ кои продолжуваат да ја применуваат смртната казна и покрај глобалниот тренд кон нејзино укинување.
Во извештајот се посочуваат Кина, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Јемен, Кувајт, Сингапур и Соединети Американски Држави како држави кои, според организацијата, ја користат смртната казна за заплашување, задушување на несогласувањето и демонстрација на државна моќ врз ранливите и маргинализираните групи.
Најголем пораст е забележан во Иран, каде што биле егзекутирани најмалку 2159 лица, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2024 година. Во извештајот уште се наведува дека Кина останува „водечки егзекутор во светот“, при што се смета дека таму се извршени илјадници егзекуции, иако точните бројки не се достапни.
Во Саудиска Арабија регистрирани се најмалку 356 егзекуции, најчесто за дела поврзани со дрога, додека во Соединети Американски Држави биле извршени 47 егзекуции, а во Египет 23.
Сепак според „Амнести интренешнал“ глобалниот тренд и натаму оди кон постепено укинување на смртната казна.
