Вести Свет Топ вести

Во 2025 бројот на егзекуции достигнал рекордно ниво

Најмалку 2707  смртни казни се извршени во 17 држави, се посочува во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“. Бројот егзекуции во светот минатата година достигнал највисоко ниво од 1981 година наваму. Растот се должи на „мала, изолирана група држави“ кои продолжуваат да ја применуваат смртната казна и покрај глобалниот тренд кон нејзино укинување.

Во извештајот се посочуваат Кина, Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Јемен, Кувајт, Сингапур и Соединети Американски Држави како држави кои, според организацијата, ја користат смртната казна за заплашување, задушување на несогласувањето и демонстрација на државна моќ врз ранливите и маргинализираните групи.

Најголем пораст е забележан во Иран, каде што биле егзекутирани најмалку 2159 лица, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2024 година. Во извештајот уште се наведува дека Кина останува „водечки егзекутор во светот“, при што се смета дека таму се извршени илјадници егзекуции, иако точните бројки не се достапни.

Во Саудиска Арабија регистрирани се најмалку 356 егзекуции, најчесто за дела поврзани со дрога, додека во Соединети Американски Држави биле извршени 47 егзекуции, а во Египет 23.

Сепак според „Амнести интренешнал“ глобалниот тренд и натаму оди кон постепено укинување на смртната казна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе