Вести Македонија

Шест случаи на насилство и злоупотреба на малолетници евидентирани во билтенот на МВР

Шест одвоени случаи поврзани со малолетници се евидентирани во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи, меѓу кои физички напади во училишни дворови, закани, одземање предмети и злоупотреба преку мобилни апликации.

Во СВР Тетово било пријавени двајца малолетници поради сомнение за сторено кривично дело „насилство над дете“. Според билтенот, на 6-ти април 2026 година во дворот на основно училиште во село Палатица физички нападнале друг малолетник.

Во втор случај, повторно двајца малолетници од Тетово се пријавени за кривично дело „насилство“, откако на 13-ти март 2026 година во двор на средно училиште во Тетово физички го нападнале лицето М.А.

Во Скопје, 43-годишен жител на село Студеничани пријавил дека неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници пред основно училиште во општина Студеничани. Според пријавата, напаѓачите го снимиле настанот со мобилен телефон и снимката ја објавиле на социјална мрежа. За случајот бил известен јавен обвинител и инспектор за малолетници.

Во уште еден случај во Скопје, 35-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка во периодот од март 2026 година до денот на пријавувањето, под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник.

Во билтенот е регистриран и случај во кој 52-годишен скопјанец пријавил дека на неговиот 13-годишен син на подрачјето на општина Аеродром му биле одземени дуксер и мобилен телефон од две лица.

Дополнително, СВР Тетово поднесе кривична пријава против 45-годишен тетовец поради сомнение за кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Според пријавата, на 16 јули 2025 година пред угостителски објект со остар предмет им упатувал закани на двајца малолетници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе