Вести Македонија Топ вести

Муцунски и белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево на утринско трчање низ Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски сподели фотографии од утринско трчање низ Скопје со својот белгиски колега Максим Прево, кој од вчера е во посета на државата.

„Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, денот го почнавме на поинаков начин – утринско трчање од 6 км. низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град“, напиша Муцунски на својот профил на Фејсбук.

Фото: Фејсбук на Тимчо Муцунски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе