Вести Македонија Топ вести

Синдикатот на културата за Уставен: што се смени од 2021 година, судиите или нарачката?

Што се промени во уставниот суд од 2021 година до денес – составот или нарачката? – Вака денеска реагира Синдикатот на културата на одлуката на Уставниот суд да се преиспита уставноста на Колективниот договор за култура кој е донесен во 2019 година, а со кој се пресметуваат платите на културните работници.

За синдикатот е нејасна таквата одлука, бидејќи претходно во два наврата Уставниот суд не нашол забелешки за истиот Колективен договор. Сметаат дека уставните судии на овој начин се порекнуваат самите себе и се фаќаат во сопствената замка. Најавија дека со аргументи ќе му докажуваат на судот дека договорот е уставен и дека толкувањето на судот би можело да значи дека во иднина треба да се укинат сите Колективни договори во државата, само затоа што предвидуваат и доуредуваат поголеми права од оние предвидени со Закон.

На седницата одржана во средата, уставниот суд поведе постапка со која ќе преиспитува дали колективниот договор го надминува законот, дали со него е внесен автономен платен систем и дали обезбедува јасни и објективни критериуми за утврдување на платите. Судот сметал дека Колективниот договор не се движи во рамките на законското овластување, туку поставил сопствен модел на утврдување на плати. На овој начин, според Уставниот суд, се нарушува владеењето на правото, поделбата на власта и се доведува во прашање законитоста на системот на плати.

Претседателот на уставниот суд, Дарко Костадиновски во интервју за МТВ дополнително објаснува дека тоа што за договорот претходно биле поведени постапки не претставува пречка. Смета дека еден закон може повеќепати да биде предмет на оценување од различни уставно-правни аспекти, а во претходните случаи, судот бил ограничен само на наводите во иницијативите. 

„Во Уставниот суд може да биде оспорен еден закон не три, туку 30 пати и тоа од различни уставно-правни аспекти. Ние ги имавме предвид нашите одлуки што сме ги донеле во 2021 година, но тогаш во иницијативите биле оспорени сосема различни одредби од колективнот договор. Тогаш Уставниот суд се ограничил на наводите во иницијативата и не отишол длабоко, затоа што некогаш тоа зависи од судијата-известител, тоа зависи од многу околности“, изјави Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд.

Тој не открива каква би била конечната одлука на судот, но вели доколку се укине договорот, тогаш плати ќе се исплаќаат по законот. Министерот за култура Зоран Љутков во изјава за Телма ги повика синдикатите да работат на потпишување на нов Колективен договор, додека синдикатот најавува протест пред неговото министерство за в четврток. Со колективниот договор се регулираат платите на околу 2.400 работници во културата.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе