Јавниот автобуски превоз во Скопје за време на велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје. Овој режим ќе важи во периодот од 10 до 13 април, за време на продолжениот празничен викенд.
Во сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време.
Локациите со едносменско работење ќе бидат отворени од 08:00 до 13:00 часот, додека оние со двосменско работење ќе функционираат од 08:00 до 18:00 часот.
Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортниот центар со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Во понеделник, сите билетарници и центри за персонализација ќе бидат затворени поради празникот.
Од ЈСП информираат и дека жичницата ќе работи од петок до недела од 10:00 до 18:00 часот, додека во понеделник нема да работи, согласно редовниот распоред според кој секој понеделник е неработен ден.
