Вести Македонија Топ вести

Надворешно манипулирање со информации – реална закана за Македонија

Манипулација со информациите кои се презентираат на јавноста преку различни платформи е сериозна опасност со која се соочува Македонија но и многу држави во светот. Демаскирање на дезинформациите како одговор на државата е сериозен предизвик и за тоа се потребни оперативна подготвеност, институционални механизми и стратешка комуникација.

Медиуми, социјални мрежи и онлајн платформи се клучните алатки при странско мешање и манипулирање со информации.

Македонија како и сите држави во регионот и светот не е имуна на овие напади со дезинформации и затоа за да може да се спречи овој процес се потребни јасно дефинирани институционални механизми, подобра внатрешна координација, оперативна подготвеност и стратешка комуникација како дел од навремен, координиран и институционално подготвен одговор.

Ова се дел од заклучоците на конференцијата за странско мешање и манипулирање со информациите организирана од Институтот за комуникациски студии.

Македонија има потенција да постави ефикасен систем за одбрана од манипулација со информации, сметаат експертите.

Како очигледни примери за странска манипулација со информациите се посочуваат изборите во САД во 2016 година и руската инвазија на Украина.

  • „Пред руската инвазија на Украина, нашата разузнавачи во Министерството за одбрана
    регистрираше трупи кои се собираат на границата и одлучи да го сподели тоа со јавноста.  И го изведе многу едноставно. Тоа беа само твитови што ги раскажуваа разузнавачките информации добиени на фронтот. Но, всушност, тоа вклучуваше огромен процес на собирање  информации за да се опише состојбата. Тие ја промовираа оваа редовна разузнавачка проценка која доведе до инвазијата, а како резултат на тоа британската јавноста стана многу поотпорна на руските дезинформации“ – Џо МекКарон – Шипман, Службата за комуникации на Владата на Обединетото Кралство.

Државните институции се запознаени со опасноста но допрва ќе се организираат за ефикасен одговор.

Кога станува збор за странското мешање и дезинформациите во медиумите државните институции мора да внимаваат во одговорот на бидејќи мерките за превенција не смеат да водат кон цензура.

Огнен Чанчаревиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе