Вести Македонија Топ вести

Војната во Украина го менува дискурсот на членството во ЕУ

Европската унија ги има сменето критериумите за членство по војната во Украина и почнува да го имитира НАТО, ставајќи ја во прв план геополитиката како причина за нови членки, а настрана критериумите кои претходно и беа битни, а не ја направила ниту внатрешната реорганизација.

Ова е став на поранешниот претседател, Стево Пендаровски, кој зборувајќи на дебатата на тема „Навигација на европскиот пат“ смета дека дополнително на тоа, земјите од регионот не напредуваат во параметрите на квалитетни на демократиите, туку тие назадуваат.

  • „Накратко, не можам да видам дека во блиската иднина, во неколку години, барем, дека Европската унија ќе почне да ги менува овие нови критериуми за членство, неформално гледано. Ако сум искрен во однос на оваа теза, Европската унија го отвора широко овој прозорец на можности поради војната во Украина. Моето прашање е: Што ќе се случи кога таа војна ќе заврши“, рече Пендаровски.

Пендаровски смета дека постои можност по завршувањето на војната во Украина бирократијата во Брисел да се врати на праксата на чекање на проширување со децении.

Единствениот пат напред на Западниот Балкан кон ЕУ е преку заедничкиот европски пазар, смета, Кристоф Бендер, од Иницијатива за европска стабилност, за што е потребно земјите да се усогласат со 70 – 80% со европското законодавство и кога ќе се сменат политички услови тие ќе станат членки.

  • „На некој начин ова е биде добро решение, бидејќи билатералните проблеми ќе може да се стават настрана, нема да бараат отстапки и не се потребни оние едногласни одлуки од сите држави-членки“, рече Бендер.

Според професорот од белградскиот универзитет, Иван Вујиќиќ, Западниот Балкан пак е во летаргија и се преправа дека сака во ЕУ и дека прави реформи, додека ЕУ се преправа дека му верува и дека го сака кај себе, постојано измислувајќи нови алтернативи за членство.

  • „Тоа мора да заврши, но ако се чекаат Молдавија и Украина тоа може да потрае. ЕУ треба да одлучи во оваа ситуација во која што сме сега дали таа е последниот бастион на либерална демократија, во најдобра смисла на зборот, бидејќи ако е така тоа треба да го зачуваат“, рече Вујиќиќ.

Според него Унијата е во криза и мора да направи важни реформи за да ја задржи својата конкурентска предност кон САД и Кина.

Тамара Грнчароска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе