Вести Култура Македонија Топ вести

Отстранети правните пречки – започнува обновата на Универзална сала по принципот „клуч на рака“ треба да заврши до декември 2027 година

Министерството за култура и туризам информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда.

Од министерството велат дека со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи.

Со решението дефинитивно се потврдува Одлуката за избор на најповолна понуда од 23.03.2026 година и е одбран конечен изведувач на проектот.

КОД: Многу политика околу Универзална сала, а се заврши со пожар

Проектот се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала треба да заврши до декември 2027 година.

Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на престижната титула – Европска престолнина на културата 2028, соопшти Министерството за култура и туризам.

За реконструкцијата и претходната и актуелната влада одобриле околу 20 милиони евра.

Минатата година Бујар Муча, проектантот на реконструкцијата на Универзална сала рече дека заради почитување на колективната меморија, објектот ќе ја задржи постојната форма и габарит.

Oбнова на Универзална сала по стар проект – тече рокот на тендерот за избор на изведувач и надзор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шумски пожари беснеат во Франција и Шпанија, над стотици илјади луѓе се евакуирани – пожарникарите немоќни пред силата на ветрот

Дејан Дејан

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе