Вести Македонија Најважни

СДСМ: Владата позајмува седум милиони евра од Македонска навигација – уште еден доказ дека касата е празна

Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ). Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари, велат од СДСМ.

Според опозицијата затоа Христијан Мицкоски со денови барал алиби за предвремени избори.

  • Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата – затоа што тоа би било директно признание дека работите се распаѓаат. Сега мора да чека „поволен момент“ за да ги распише. Резултати нема. Економијата е во колапс. Европскиот пат е целосно заглавен. Изолацијата е комплетна. Пари од претпристапните фондови на ЕУ нема и нема да има, соопштуваат од СДСМ.

Велат дека кога државата почнува да позајмува од сопствените јавни претпријатија за да преживее од месец до месец, повеќе нема простор за пропаганда и спинови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Докторка претрпела „професионално согорување“ во болницата каде работела, судот ѝ додели отштета 20.000 евра

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Пожари во Франција: Десетици илјади луѓе се евакуирани

Kristina Kuzmanovski

Средба Трамп – Зеленски во вторник во Вашингтон

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе