Рокот до кој фирмите можеа да аплицираат на тендерот за набавка на нови еко автобуси заврши вчера, но од Министерството за транспорт не соопштуваат колку понуди биле доставени и дали се од домашни или меѓународни компании.
„Откако ќе се прегледаат сите пристигнати понуди, ќе ја информираме јавноста за понатамошните чекори“, одговорија од Министерството за транспорт.
Ова е втор обид Градот да добие нов јавен превоз. Според условите наведени во тендерот, еко автобусите треба да се во бела или црвена боја и да можат да примаат најмалку 66 патници. Проценките се дека ќе чинат околу 50 милиони евра, кои ќе се отплаќаат од буџетот.
Во домашниот буџет за оваа намена за годинава се предвидени околу 5 милиони евра. Тендерот опфаќа и набавка на полначи за автобусите.
Претходниот тендер пропадна откако на повикот се пријави само една компанија која не ги исполнувала условите.
