Вести Македонија Топ вести

Николоски – Ќе излезат многу интересни работи за Мијалков

Во следниот период ќе излезат многу работи за Сашо Мијалков кои ќе бидат интересни за јавноста, но истражувањето е работа на обвинителството и тука не планирам да се мешам, вели вицепремеирот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој претходно го повика Обвинителството да го испита потеклото на имотот на поранешниот директор на УБК, но од таму доби одговор дека тие не работат по повици, туку по обезбедени докази.

„Ја видов таа изјава. Јас мислам дека кажав што имам да кажам во однос на таа тема, а во однос на прибирање докази, тоа е секако работа на обвинителството, а не моја работа и немам намера тука да се мешам, но сум убеден дека во следниот период ќе излезат многу работи коишто ќе бидат интересни за јавноста“, изјави Николоски.

По критиките од активистите, дека Мијалков гради хотел на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје без потребните одобренија, Николоски пред неколку дена рече дека хотелот на локалитетот Горица ги има сите потребни дозволи и нема никакво урбанистичко прекршување, но клучното прашање е потеклото на парите – како му се легализирани парите на Мијалков за да може да гради хотели.

Хотелот на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје го гради фирмата Дивелоп груп. Сопственик на една третина од Дивелоп груп е фирмата Бест веј инвестмент во сопственост на Јордан Мијалков,  синот на Сашо Мијалков.

Дивелоп груп го купува земјиштето од Република Македонија во 2011 година на јавно наддавање од Министерството за транспорт и врски. Фирмата на младиот Мијалков влегува во сопствеништвото на фирмата во 2018 година, кога ги презема уделите од Орка Холдинг, кога татко му веќе не е на функција.

Сашо Мијалков во 2022 година призна вина и доби 3 години затвор за перење пари во случајот Империја и му беше конфискуван имот од 36 милиони евра.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

Норис на пол-позицијата, казна го симна Хамилтон на петтото место

Sportska Redakcija

(видео)Димитриевски: Советниците и пратениците кои станаа независни треба да го вратат мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе