Вести Наука и здравје Свет Топ вести

(Фотогалерија+Видео) По 54 години човештвото се враќа на Месечината

За првпат по повеќе од 50 години, човештвото се враќа на Месечината – патувајќи подалеку од Земјата отколку што некој бил досега. Четворица астронаути се во ракетата наречена „Систем за вселенско лансирање“, која грмеше на небото упатувајќи се на 400.000 километри оддалеченост. Мисијата „Артемис II“ на НАСА се очекува да донесе нов прекрасен поглед на Месечината и ново разбирање на лунарната средина. Ракетата со 32 ката се вивна од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, каде што десетици илјади луѓе се собраа за да го прослават почетокот на оваа нова ера.

„Значи, по кратка пауза од 54 години, НАСА се враќа во бизнисот со испраќање астронаути на Месечината“, изјави Џаред Исакман, администратор на НАСА.

Пет минути по почетокот на летот, командантот Рид Вајсман ја виде целта на тимот: „Имаме прекрасен изгрев на месечината, се упатуваме директно кон него“, рече тој од капсулата. На бродот со него се пилотот Виктор Гловер, Кристина Кох и Канаѓанецот Џереми Хансен. Најразновидниот лунарен екипаж досега, со првата жена, со еден црномурест лик и неамерикански државјанин кој беше во новата капсула Орион на НАСА.

Но, патувањето носи и сериозни ризици – екипажот лета во вселенски брод со кој луѓето никогаш порано не летале. Астронаутите ќе поминат 10 дена збиени во вселенски брод со големина на минибус. Администраторот на НАСА, Исакман, не криеше дека во 51 минута имало прекин во комуникациите.

„Секако сме биле тука и претходно. Ги знаеме предизвиците што претстојат. Имаме многу проверки што треба да ги поминеме пред TLI. И кога, ако сè оди добро, сè ќе биде во ред, Артемис II ќе биде на пат кон Месечината“, додава Исакман. 

Луѓе имаше и на околните патишта и плажи, како што тоа беше во 1960-тите и 70-тите години во времето на летовите на Аполо на Месечината. Ова е најголемиот чекор на НАСА досега кон воспоставување трајно присуство на Месечината. „Артемис II“ исплови од истото место за лансирање во Флорида кое ги испрати истражувачите на Аполо на Месечината пред повеќе од 50 години.

„Стигнав тука околу 7 часот наутро. Се разбудив околу 4 часот, се подготвив и дојдов долу. Не очекував паркингот овде да биде веќе полн, а и паркинзите во близина да бидат полни. Паркирав како да сум на една милја од таму. Го очекував тоа. Значи, одлично е да се видат толку многу луѓе“, вели Габриела, Мартинез, жителка на Дејтона Бич, Флорида.

Guests at the Banana Creek viewing site watch the launch of NASA’s Space Launch System (SLS) rocket and Orion spacecraft with Commander Reid Wiseman, Pilot Victor Glover, and Mission Specialist Christina Koch from NASA, and Mission Specialist Jeremy Hansen from the CSA (Canadian Space Agency) on the Artemis II mission, Wednesday, April 1, 2026, at NASA’s Kennedy Space Center in Florida. NASA’s Artemis II mission will take Wiseman, Glover, Koch, and Hansen on a 10-day journey around the Moon and back aboard SLS rocket and Orion spacecraft. The quartet launched at 6:35 p.m. EDT from Launch Complex 39B. Photo Credit: (NASA/Keegan Barber)

За Џеф Вилсон, кој е жител на Атланта е исполнување на сонот да го види лансирањето, бидејќи го поврзува со неговата меморија од минатото.

„Мој сон беше да гледам лансирање. Знаете, пораснав во  дерата на Аполо. Се сеќавам како го гледав слетувањето на телевизија. Значи да, тоа е нешто што сакав да го направам долго време“, раскажува Џеф Вилсон, жител на Атланта, Џорџија.

Guests at the Banana Creek viewing site watch the launch of NASA’s Space Launch System (SLS) rocket and Orion spacecraft with Commander Reid Wiseman, Pilot Victor Glover, and Mission Specialist Christina Koch from NASA, and Mission Specialist Jeremy Hansen from the CSA (Canadian Space Agency) on the Artemis II mission, Wednesday, April 1, 2026, at NASA’s Kennedy Space Center in Florida. NASA’s Artemis II mission will take Wiseman, Glover, Koch, and Hansen on a 10-day journey around the Moon and back aboard SLS rocket and Orion spacecraft. The quartet launched at 6:35 p.m. EDT from Launch Complex 39B. Photo Credit: (NASA/Keegan Barber)

Жителката на Тампа, Нова вели дека е воодушевена, лансирањето го раскажува како величенствено.

„Бев воодушевена. Всушност, пролеав солзи. Всушност беше потивко отколку што очекував, но искрено беше највеличественото лансирање на ракета што некогаш сум го видела“, рече Нова Биртчард, жителка на Тампа, Флорида.

Малкумината што сè уште се живи ја поздравија големата авантура на оваа генерација. Џон Трајб беше инженер за погон за време на ерата на Аполо, учествувајќи во „највозбудливиот период до денес во вселенската индустрија“. Програмата „Артемис“ е именувана по митолошката сестра близначка на Аполо. Новата ракета е пократка и потенка од ракетите Сатурн V која исфрли 24 астронаути од Аполо на Месечината.

„Националната цел во тие години, знаете, поради изјавата на Кенеди, поради неговото убиство. Имаше огромен бран зад нас што не притискаше. Немаше многу негативност за тоа зошто треба да одиме на Месечината“, објаснува Џон Трајб, инженер за погон на мисиите Аполо. 

Оваа мисија на НАСА треба да го отвори патот за слетување и, на крајот, за лунарна база – првиот чекор кон истражувањето како да се живее на друг свет. Екипажот на Артемис нема да слета на Месечината, ниту пак ќе орбитира околу неа, туку ќе оди околу Месечината и ќе се врати на Земјата. Крајната цел е да се создаде долгорочно лунарно присуство кое ќе ги подмачка патеките за испраќање луѓе на Марс.

Билјана Ставрова

Дигитална обработка: T.Д.

Извор на фотографии: Официјална страна на НАСА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе