Енѓелуше Леши Кадриу, Александар Маркоски, Ана Гоговска и Ана Стојковиќ се избрани за обвинители на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Советот на Јавни обвинители речиси едногласно ги изгласа овие кандидати.
Другите обвинители кои беа кaндидирани меѓу кои и Ивана Алексова Трајчева, Сузана Мирчевска Кузмановска и Валентина Бислимовска не го добија потребниот број на гласови.
Со ова се отвора прашањето кој ќе ги преземе предметите на обвинителката Ивана Алексова Трајчева која ги водеше истрагите за трите обвиненија против полициските службеници за дела поврзани со трагедијата во Кочани.
Против изборот на Трајчева гласаше и новиот државен обвинител Славески кој кажа дека „согласно правилата за доделување на предмети, тој ќе биде предаден на друг обвинител и тој ќе продолжи со работа“.
Советот на јавни обвинители денеска требаше да избере петмина обвиители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција но избраа само лчетворица.
Советот на јавни обвинители на денешната седница не избра Виш јавен обвинител на Скопје, по повлекувањето од функцијата на Мустафа Хајрулахи.
За местото беа пријавени: обвинителката Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Јасмина Крстевска- Здравевска и Артан Ајро.
