Вести Најважни Свет

Речиси 40 проценти од капацитетите за нафта во заливот се уништени или оштетени

Како одговор на американско израелските напади, Иран ги таргетираше енергетските капацитети на арапските земји во заливот, сојузници на властите во Вашингтон и Тел Авив.

Францускиот министер за финансии, Роланд Лескјур,  денеска соопшти дека во овие напади, околу 30 до 40 проценти од капацитетите за рафинирање нафта во заливот се  уништени или оштетени, што придонесува за нафтената криза во светот.

Тој го цитираше својот колега од Катар, кој го информирал дека 17% од капацитетите за производство на гас во неговата земја биле уништени во иранските напади, кои и натаму продолжуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе