Вести Македонија Топ вести

Совет на честа: Комуникацијата и тонот на тетовскиот новинар кон министерката Јанева не беа професионални

Правото на слободно поставување на прашања и критичко известување на новинарите е неотуѓиво, но  подразбира и обврска за доследно почитување на професионалните и етичките стандарди, потсетија од Советот на честа при Здружението на новинари по случајот со тетовскиот новинар кој со непочитување  ѝ се обрати на министерката за образование.

„Советот цени дека начинот на комуникација и тонот на обраќање на новинарот не соодветствуваат со принципите на достоинствен и професионален јавен дискурс. Конкретно, членот 15 од Кодексот на новинарите, вели дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката, а непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија. Ваквите случаи не придонесуваат за унапредување на довербата во медиумите, ниту за квалитетен јавен дијалог“, соопштија од Совет на чест при ЗНМ.

Советот на честа апелира до сите новинари и медиумски работници да се придржуваат кон највисоките професионални стандарди, да ја негуваат културата на комуникација и да придонесуваат кон градење на взаемна почит во јавниот простор.

Воедно, потсетуваат дека почитта во односите меѓу носителите на јавни функции и медиумите треба да биде двонасочна.

За случајот реагираа и од владата со загриженост, особено затоа што, како што велат, „ова не е изолиран инцидент, туку повторување на веќе забележано однесување кон истата носителка на јавна функција, што отвора сериозни прашања за почитувањето на основните професионални стандарди и етички норми„.

Министерката Јаневска со слична ситуација како онаа во Тетово се соочи и пред јавната дебата за предлог Законот за високо образование, кога повторно мораше да се објаснува околу употребата на јазиците.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Институтот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе