Вести Економија Македонија Топ вести

НБРМ ги остави каматите непроменети, монетарната политика засега не се затега

Извршниот одбор на НБРМ на денешната редовна седница за поставеноста на монетарната политика на оваа институција, одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4 проценти.

„Одлуката за монетарната политика се носи во услови на исклучително зголемена светска неизвесност и непредвидливост, предизвикана од неодамнешното избувнување на воениот конфликт на Блискиот Исток. Првичните ефекти се видливи преку нарушувањето на снабдувањето со нафта во светот и растот на цените на енергенсите. Севкупните ефекти врз светската економија се условени од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток “ – се вели во соопштението на НБРМ.

Според Народната Банка, во домашната економија, инфлацијата и натаму забавува во согласност со очекувањата, а годишната стапка на инфлација се свела на 2,9% во февруари, но истовремено се предупредува дека наспроти досегашниот поволен тренд кај домашната инфлација, ризиците околу нејзината идна динамика се зголемени, заради последните воени случувања и прекините во снабдувањето со енергенси од земјите од Заливот.

Истовремено Народната банка  подвлекува дека го задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, во согласност со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе