Вести Македонија Најважни

На полноќ ново намалување на дизел на пумпите на „Макпетрол“

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена.

По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар.

И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика.

Горивото Еуросупер БС-95 на „Макпетрол“ ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари.

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави следните цени на горивата: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 (денари/литар); ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 (денари/литар); ЕУРОДИЗЕЛ БС – 95,50 (денари/литар).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе