Вести Македонија Топ вести

СДСМ обвинуваат за бизнис мрежа во енергетиката

Антикорупцискиот тим на СДСМ го обвинува премиерот дека е во центарот на октопод од политички и деловни врски, чии пипала се пружаат преку Србија до две европски земји.  Во оваа, како што ја нарекуваат, „Бизнис мрежа во енергетиката“, тврдат дека е вклучен и новоназначениот почесен конзул во Србија, Душан Адамовиќ.

Клучна алка во мрежата, според нив, се и директорите во Развојна банка и РЕК Битола, бидејќи намаленото домашно производство доведува до увоз на поскапа електрична енергија од странство.

Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче. Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ. Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“. Била извршен директор во „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје. Токму во овие деловни и политички релации треба да се бараат причините за високите сметки за струја, изјави Јон Фрчкоски, член на ИК на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека веќе им објасниле на СДСМ кој е Душан Адамовиќ и дека предлогот токму тој да биде конзул доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград, именуван за време на нивната влада со ДУИ.

Нема вистина во тоа што СДС деновиве го пласира за наводни бизнис врски. Повторно го прават истото. Немајќи идеја како да зајакнат на политичката сцена и да го спречат исчезнувањето што им се случува, тие само измислуваат приказни, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од Антикорупцискиот тим на СДСМ најавија дека ќе продолжат со објавување на нови информации за, како што велат, врските на оваа мрежа во Србија, Чешка и Австрија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе