Вести Македонија Топ вести

Комеморативна седница во Собранието за годишнината од трагедијата во Кочани

Во Собранието денеска  Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени.

На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери.

На конференцијата ќе учествуваат лекари и медицински персонал од 37 земји кои излегле во пресрет за лекување на настраданите во пожарот.

Конференцијата, како што потенцира, има за цел да се направи една сеопфатна анализа на одговорот на трагедијата од првична интервенција и спасување животи, до долгорочниот третман, рехабилитацијата и системските решенија за иднината.

На завршната сесија, пак, ќе бидат презентирани идните решенија и системски чекори кои ги преземаат институциите.

Покрај комеморативната седница во законодавниот дом, денеска има ново рочиште во судницата во Идризово за случајот „Пулс“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници барал пари од својата мајка – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе