Вести Свет Топ вести

На концерт на ДНК имало инцидент со прскалки и пред трагедијата во „Пулс“

Пред пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ од употреба на прскалки на концерт на групата ДНК во дискотека во Гевгелија се запалиле платно и звучници. Ова го сведочеше Горан Игновски, кој има продавница за опрема за озвучување и осветлување, а за ицидентот слушнал од негов колега. 

„На нивен настан во Гевгелија имаат запалено и платно и звучници со истите прскалки и истото шоу. Колега мој од Гевгелија кој работи со озвучување ми го кажа тоа. Не знае кога бил тој настан во Гевгелија“, сведочеше Горан Игновски.

Пред три години му се јавил Владимир Блажев – Панчо за набавка на т.н. куфер на кој се ставаат прскалките и кој чинел 9.000 денари. Потоа му побарал и осум прскалки, кои сведокот ги набавил за свои потреби од Бугарија нелегално и за нив не им издал фискална сметка. Прскалките ги подигнал Мартин Атанасовски Буцо. Сведокот изјави дека не се користеле неговите прскалки во „Пулс“, бидејќи тие имале висина од максимум два метра за разлика од тие во трагичната вечер.

„Ги видов видеата од вечерта. Тој домет на прскалките што беше користен е повеќе од три метри. Да користеле од два метра или метар и половина, ќе немало проблем. Само на Бит пазар има прскалки од таков домет“, додаде Игновски.

Сведокот објасни и дека топлите прскалки за внатрешна употреба биле направени со барутно полнење со магнезиум за да може да испуштаат искри и да светат. Можеле да се активираат на оддалеченост од 50 до 100 метри.

На судењето сведочеа уште три лица кои беа поврзани со работењето на „Рубикон“, агенцијата која вечерта ја обезбедувала „Пулс“. Јане Јанчевски бил сопственик на агенцијата, а Александар Нацев кој важи за вистински сопственик бил одредено време вработен, а и комуницирал со нив за обавување на обврски поврзани со работата на „Рубикон“.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопственик на фирма затаил данок од 3,8 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе