Вести Македонија Топ вести

Се обезбедуваат чартери-летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е започната  постапка за обезбедување на чартер-летови за евакуација на македонските граѓани кои се наоѓаат на Блискиот Исток.

„Започната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација.Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации“, соопштуваат од министерството. 

За летовите се предвидени 60 милиони денари од Буџетот на министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе