Вести Свет Топ вести

Израел тврди: Имаме воздушна надмоќ над Иран

Израел и САД во моментов имаат „надмоќ“ и контрола врз речиси целиот ирански воздушен простор, изјави израелскиот амбасадор во ОН Дени Данон. Тој посочи дека во наредните денови Израел ќе ја покаже таа супериорност, откако беа извршени нови воздушни напади врз ирански ракетни лансери и истражувачки нуклеарен објект.

Иран возврати со десетици балистички ракети кон Израел, како и со напади низ регионот на Заливот, таргетирајќи американски амбасади и предизвикувајќи прекини во енергетските испораки и воздушниот сообраќај.

Поголемиот дел од ракетите биле пресретнати, но од почетокот на конфликтот загинале најмалку 11 лица во Израел. Данон предупреди дека и покрај тоа што американско-израелските напади ги ослабнале иранските капацитети, Техеран и натаму располага со ракети скриени под земја и во тајни локации. Тој порача дека операциите нема да траат бесконечно, но дека целта останува јасна „без нуклеарно оружје, без ракетна закана и без терористичка инфраструктура.“

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе