Иранскиот лидерски совет го избра Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов ајатолах и врховен лидер на Иран, на инсистирање на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), објави „Иран интернешнл“.
По атентатот врз Хамнеи , иранските власти го формираа Советот на лидери, чија цел беше привремено да ги преземе должностите на ајатолахот и да го избере неговиот наследник.
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека атентатот врз Хамнеи е „многу горчлив инцидент“ за целата иранска нација и дека срцето на иранската нација е „изгорено“ од овој чин.
Кац: Секој лидер назначен да го замени Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“
