Вести Економија Свет Топ вести

ЕЦБ предупредува дека војната со Иран може да ја зголеми инфлацијата во еврозоната

Конфликтот меѓу САД и Израел против Иран може да предизвика значителен скок на инфлацијата во Еврозоната и забавен економски раст, предупреди главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ) Филип Лејн во интервју за Фајненшл тајмс.

-Зголемувањето на цените на енергијата врши притисок врз инфлацијата, особено на краток рок, а таков конфликт би бил негативен за економската активност, рече Лејн, додавајќи дека обемот на влијанието би зависи од ширината и времетраењето на конфликтот.

Претходните анализи на ЕЦБ покажуваат дека одржливиот скок на цените на нафтата, каков што веќе се забележува поради воените дејствија, би можел да ја зголеми инфлацијата за околу 0,5 процентни поени и да го намали растот за 0,1 процентен поен.

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 10 проценти минатата недела поради ескалацијата на конфликтите во регионот.

Инфлацијата во еврозоната моментално изнесува 1,7 проценти, под целта на ЕЦБ од два проценти, што укажува дека мал скок на цените на енергијата веројатно нема да предизвика непосредни промени во монетарната политика.

Лејн додаде дека ЕЦБ се стреми да гледа подалеку од краткорочните осцилации на цените на енергијата, сè додека тие не влијаат на долгорочните инфлациски очекувања и базичната инфлација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе