Американската војска го „разбива Иран“, но нов голем бран на нападот допрва треба да дојде, рече претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Си-Ен-Ен“. Нападите врз Иран оцени дека се одвиваат многу добро, истакнувајќи дека САД ја имаат најголемата војска во светот и оти ја употребуваат.
Трамп наведе дека војната со Иран не сака да трае предолго.
„Отсекогаш мислам дека војната ќе трае четири недели. Одиме малку пред рокот“, смета американскиот претседател.
Прашан дали САД со уште нешто, освен со воени удари, може да придонесе до уривање на режимот во Иран, Трамп одговори:
„Помагаме на иранскиот народ, но моментно сакаме сите да останат таму. Надвор не е безбедно, а допрва ќе стане уште понебезбедно. Дури не сме почнале силно да ги удираме. Наскоро доаѓа голем бран“.
Тој истакна дека „иранската нуклеарна закана“ веќе некое време е главен проблем во регионот.
„Мора да разберете, со години живееја под тој мрачен облак. Затоа никогаш немаше мир“, рече Трамп.
Говорејќи за преговорите со Иран кои беа прекинати со американските напади врз земјата, Трамп на став дека договор не бил можен.
„Не можевме да се договориме со тие луѓе. Секоја наша нова понуда беше дочекувана со повлекување на нивната. Не сакаа да се согласат да прекинат со збогатување на ураниум. Ова е начин да се постапува со Иран“, одговори Трамп.
