Вести Македонија Топ вести

Уште една жена ќе се откопува како можна жртва на серискиот убиец од Нагоричане

Уште една мртва жена од кумановскиот регион ќе биде ехумирана како сомнителен случај дека е жртва на серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане. Од обвинителството не откриваат која е починатата. Само дека е од истиот регион, повозрасна и дека нејзиниот случај потсеќа на претходните, но дека била закопана без да се истражува причината за смртта. Ако се потврди дека осомничениот 25 годишен Трајко Бојковски ја убил и неа тоа значи дека ќе биде третта негова жртва. За првите две 78 годишната Мира и 35 годишната Марија која претходно беше откопана и дадена на обдукција обвинителството веќе има цврст докази дека тој е убиецот. Обдукцијата покажала дека се задушени и имаат тешки повреди по телото, а ДНК анализата потврдила дека Бојковски е убиецот.

Но, паралелно се истражува улогата на сите поврзани со Бојковски и случаите. Од тоа дали негови блиски учествувале и се вмешани во серијата кривични дела, до тоа кој се не постапувал па серискиот убиец долго време бил на слобода. Се истражуваат и пријавите за обид за убиства, напади и кражби кои не биле процесуирани. Лекари, службеници, полицајци се дел од мрежата која потфрлила. Но сега се лоцира дали има виновници, велат од обвинителството. Велат дека на ниту еден од случаите ниту лекари ниту полицајци не повикале обвинител да излезе на местото на злосторството, туку жртвите биле закопани без сомнежи дека се работи за убиство.

Инаку кај обвинителството веќе има едно вештачење на здравствената состојба на Трајко, кое било изработено поради тешка кражба но тој не бил гонет за делото. Сега се бара ново вештачење кое ќе треба да ја утврди неговата психичка состојба и пресметливост. Тој во меѓувреме е во притвор во Кумановскиот затвор. Телма веќе објави дека уште како средношколец бил проблематичен следел и напаѓал жени, но и покрај тоа што биле известени социјалните служби никој не регирал. Семесјтвото не било заинтересирано напишале службите од училиштето. Тој пак секојдневно го набљудувал теренот возејќи точак по селата.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе