За да функционира бизнисот и целата економијата во светот на дигитализацијата, потребни се повеќе чекори во јавниот и приватниот сектор, изјави во интервјуто за „Фактор“, претседателот на Стопанска комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески.
Според него, јавниот сектор треба да примени унифицирано системско решение а не некоординирани дигитални проекти, при што фокусот треба да биде на ефикасноста, транспарентноста и елиминирање на бирократијата.
„Овој концепт ќе помогне да се намалат трошоците, да се плаќа неколкукратно на различни институции за една иста активност и ќе се заштеди на време што е многу важно за компаниите“ – изјави Азески.
Во однос на приватниот сектор, Азески подвлече дека тој треба да премине кон масовно дигитализирање на процесите кое меѓу другото ќе овозможи воспоставување мобилна инфраструктура за плаќање, преземање чекори за драстично намалување на неформалната економија преку имплементирање сертифицирани платформи за е-трговија кои ќе креираат доверба кај граѓаните и ќе понудат пониски цени, а на тој начин ќе го омасоват прометот.
„Со стандардизирање на алатките за дигитална трговија, македонските компании ќе може да се движат надвор од локалните граници и директно да се интегрираат во единствениот европски пазар на брз, сигурен и ефикасен начин“ – изјави претседателот на Стопанската комора во интервјуто за „Фактор“.
Азески потенцираше и дека дигитализацијата не е можност за избор, туку предуслов за функционирање во технолошки современиот свет.
Целото интервју на Бранко Азески можете да го прочитате на следниов линк:
