Вести Економија Македонија

Азески: Дигитализацијата е предуслов за функционирање во технолошки современиот свет

За да функционира бизнисот и целата економијата во светот на дигитализацијата, потребни се повеќе чекори во јавниот и приватниот сектор, изјави во интервјуто за „Фактор“, претседателот на Стопанска комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески.

Според него, јавниот сектор треба да примени унифицирано системско решение а не некоординирани дигитални проекти, при што фокусот треба да биде на ефикасноста, транспарентноста и елиминирање на бирократијата.

Овој концепт ќе помогне да се намалат трошоците, да се плаќа неколкукратно на различни институции за една иста активност и ќе се заштеди на време што е многу важно за компаниите – изјави Азески.

Во однос на приватниот сектор, Азески подвлече дека тој треба да премине кон масовно дигитализирање на процесите кое меѓу другото ќе овозможи воспоставување мобилна инфраструктура за плаќање, преземање чекори за драстично намалување на неформалната економија преку имплементирање сертифицирани платформи за е-трговија кои ќе креираат доверба кај граѓаните и ќе понудат пониски цени, а на тој начин ќе го омасоват прометот.

Со стандардизирање на алатките за дигитална трговија, македонските компании ќе може да се движат надвор од локалните граници и директно да се интегрираат во единствениот европски пазар на брз, сигурен и ефикасен начин – изјави претседателот на Стопанската комора во интервјуто за „Фактор“.

Азески потенцираше и дека дигитализацијата не е можност за избор, туку предуслов за функционирање во технолошки современиот свет.

Целото интервју на Бранко Азески можете да го прочитате на следниов линк:

https://faktor.mk/intervju-azeski-ako-drzavata-seriozno-gi-analizirashe-predlozite-na-komorata-kje-imavme-mnogu-pogolem-rast-i-razvoj-kje-imavme-mnogu-pogolem-

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе