Во Топ Тема вечерва дебата Марија Сулејманова од “Ромалитико”, Стерјо Папули од Партијата на Власите од Македонија, Ненад Живковиќ од Партија на Хрватите во Македонија и Рубин Земон од Сојузот на Балканските Египќани.
- Уставот и заноките во држвата ги гарантираат правата на малцинските групи, но проблемот е спроведувањето, бидејќи има многу усвоени стратегии но тие не се спроведуваат, истакна Земон.
Според него Преамбулата на Уставот генерира дискриминација, бидејќи „останатите“ не можат никакви права да уживаат.
- Досега имало неколку дискусии за разгледување на рамковната конвенција и ние секогаш ги повторуваме истите забелешки. Имам Агенција која колку толку се труди, но немаме орган во државата којшто извештаите од Советот на Европа ќе ги земе и ќе видиме што е спроведено, рече Земон.
Според Ненад Живковиќ од Партија на Хрватите во Македонија постојан голем број на стратегии и извештаи кои се интерресорски и во образованието, и во културата и во однос на јазикот, низ легислативата сме добро покриени, рече тој но имплементацијата бара подобра комуникација меѓу институциите и секоја институција да си ги преземе своите конкретни обврски.

Живковиќ истакна дека Хрватска како голем пријател на Македонија ја поддржува земјата и на патот за членство во ЕУ, ја поддржуваше и за да стане дел од НАТО, но во 2023 хрватскиот премиер рече: „Ние би ценеле кога Хрватите би се нашле во преамбулата на Уставот“. Тоа треба да биде производ на добра волја без репресија, рече Живковиќ.
Стерјо Папули од Партијата на Власите од Македонија рече дека има простор за разговори и имплементација бидејќи помалку бројните заедници имаа проблеми во спроведувањето на правата.
Тој смета дека секоја од овие заедници треба да има загарантиран пратеник во Собранието кој реално би ги застапувал правата на припадниците на помалку бројните заедници.
Марија Сулејманова од “Ромалитико” се согласи дека припадниците на помалку бројните заедници имаат права и слободи но, потребна е имплементација.
-Постои Стратегијата на Ромите, национално координативно тело, но недостасува комуникација меѓу институциите. Кога се носат закони потребна е комуникација на национално со локално ниво. Буџетот за спроведување на дел од активностите од акциските планови се оставени на средства од донатор, истакна Сулејманова.
