Вести Свет Топ вести

Целосно непочитување на Нобеловата награда, чинот е бесмислен и патетичен – Норвежаните во шок по подареното признание на Мачадо за Трамп

Веста дека добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо го подари своето признание на американскиот претседател Доналд Трамп предизвика неверување во медиумите и во стручната јавност во Норвешка.

Трамп, кој долго време ја посакува наградата, ја прифати од венецуелската опозициска лидерка на средба во Белата куќа.

Мачадо ја врачи сопствената награда на Трамп за, како што образложи, „признание на неговата единствена посветеност за нашата слобода“. Таа е исклучена од процесот на транзиција на власта во Венецуела по акцијата на американски сили која резултира со соборување на претседателот Николас Мадуро на 3 јануари. Американскиот претседател тврди дека ја заслужува наградата, бидејќи, како што честопати повторува, решил многу војни за време на неговиот втор мандат во Белата куќа. Претходно изрази незадоволство од одлуките на норвешкиот Нобелов одбор.

„Тоа е нечуено. Тоа е целосно непочитување кон наградата од нејзина страна. Чинот е бесмислен и патетичен“, изјави Јане Халанд Матлари, професорка на универзитетот во Осло и поранешна политичарка.

Со сличен став и Рајмонд Јохансен, поранешен градоначалник на Осло од владеачлата Лабуристичка партија.

„Ова е неверојатно срамно и штетно за една од најпрепознатливитен и најважни награди во светот. Доделувањето на наградата е толку политизирано сега и потенцијално опасно, па лесно може да се развие „антимировна награда““, рече Јохансен.

Норвешнкиот Нобелов одбор минатата недела порача дека наградата не може да се дели или пренесува.

Нобеловата награда за мир се смета за една од најпрестижните светски награди за дипломатски напори. Една е од петте Нобелови награди кои се востановени со волја на Алфред Нобел, шведски изумител на динамитот кој почина во 1869 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе