Вести Свет

Путин: Светот станува сè поопасен, искрено сме посветени на идеалите на мултиполарност

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека меѓународната ситуација се влошува и оти светот станува сè поопасен. Путин сè уште јавно не се изјаснил за американската интервенција во Венецуела и за соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, за протестите во Иран или за заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Гренланд.

„Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува сè повеќе, мислам дека никој тоа не би го оспорил, долгогодишните конфликти се интензивираат, а се појавуваат нови сериозни жаришта“, рече Путин.

Во говорот пред новите амбасадори кои му предадоа акредитиви во Кремљ, што беше неговиот прв јавен говор за надворешнополитички прашања оваа година, Путин не ги спомна експлицитно Соединетите Американски Држави или Трамп.

„Слушаме монолог од оние кои, според правото на посилниот, сметаат дека е дозволено да ја диктираат својата волја, да им држат предавања на другите и да издаваат наредби. Русија е искрено посветена на идеалите на мултиполарен свет“, рече Путин.

Путин повика на дискусија за руските предлози за нова безбедносна архитектура во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе