Вести Македонија

Штип со половина милион евра, средства од унгарскиот заем, ќе инсталира СКАДА систем на водоводната мрежа

Заврши тендерската постапка за избор на изведувач на СКАДА системот на водоводната мрежа во Штип, капитален проект којшто е во насока на подобрување и решавање на водоснабдувањето на домаќинствата и стопанските објекти. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека на 35 точки ќе се инсталираат уреди со кои ќе се регулира протокот на водата за пиење, ќе се намалат загубите на водата низ мрежата, но и веднаш ќе се детектираат дефектите.

„Очекуваме во наредните месеци по завршувањето на овој проект, со којшто ќе имаме поголема контрола на водоснабдувањето, на протокот и на загубите на водата, да се подобри и финансиската состојба во јавното претпријатие „Исар“ и зголемена контрола на самиот систем. СКАДА системот предвидува можност електронски, дигитално да се контролира протокот на водата во водоводната мрежа“, изјави Јорданов.

Тој истакна дека двата резервоара во населбите Пребег и Мерите веќе се изградени, сега треба да следи постапката на нивно поврзување со цевковод, по што ќе бидат ставени во функција на водоводната мрежа. Овие два резервоара се значајни, пред сè, за високите зони во Штип кои во текот на летото имаат проблеми со притисокот на водата, но и често има прекини во водоснабдувањето. Јорданов очекува овие два големи проекта да се реализираат до почетокот на летото.

Со СКАДА системот уште во првата година се очекува загубите на водата за пиење низ водоводната мрежа да се намалат за 20 отсто, а во моментов изнесуваат 62 процента. Анализите на ЈП „Исар“ покажуваат дека штетата од загубите на водата за пиење кои изнесуваат 62 отсто изнесува околу 2,5 милиони евра на годишно ниво. Инаку, СКАДА системот чини околу 500.000 евра, а средствата се обезбедени од вториот повик на Владата од унгарскиот заем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 загинати и 19 исчезнати во голем шумски пожар во Шпанија

Дејан Дејан

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Девојче од Кавадарци почина по пад од лулашка во Гостивар, обвинителство нареди обдукција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе