Вести Свет Топ вести

ЕП ги повикува ЕК и ЕС да дефинираат конкретна и опиплива поддршка за Гренланд и Данска

Европскиот парламент стои цврсто во поддршка на мултилатерализмот и меѓународниот поредок заснован на правила и секој обид за поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска и Гренланд го смета за кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, се наведува во заедничката изјава на Конференцијата на претседатели на ЕП.

– Европскиот парламент ги повикува Европската комисија и Европскиот совет да дефинираат конкретна и опиплива поддршка за Гренланд и Данска, почитувајќи ги принципите и правото на ЕУ, меѓународното право и Повелбата на НАТО, се додава во изјавата на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и лидерите на осумте пратенички групи во ЕП.

Првите луѓе на групите во Европскиот парламент нагласуваат дека „недвосмислено ги осудуваат изјавите“ дадени од Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, кои претставуваат „очигледен предизвик за меѓународното право, за принципите на Повелбата на ОН и за суверенитетот и територијалниот интегритет на сојузник на НАТО“.

– Ваквите изјави се неприфатливи и немаат место во односите меѓу демократските партнери, се нагласува во изјавата изададена по синоќешниот состанок на Конференцијата на претседатели на кој присуствуваше и високата претставничка на ЕУ за недворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Во изјавата се додава дека безбедноста на Арктикот е стратешки приоритет за Европската Унија и Европарламентот е цврсто посветени на нејзина заштита.

– Арктичката стратегија на ЕУ оди подалеку од обични безбедносни грижи и нашата посветеност да го зајакнеме одржливиот развој и соработката со граѓаните на регионот е непоколеблива. Кралството Данска, вклучувајќи го и Гренланд, е членка на НАТО и е целосно покриена со колективните безбедносни гаранции на Алијансата. Европскиот парламент ќе продолжи да ги зајакнува европските одбранбени капацитети и да обезбеди земјите членки на ЕУ да ги почитуваат своите обврски кон НАТО, вклучително и преку одржливи инвестиции во одбраната и силно присуство во арктичкиот регион, посочуваат лидерите на ЕП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе