Вести Свет Топ вести

Трамп: На САД им е потребен Гренланд за националната безбедност

На САД им е потребен Гренланд од причини поврзани со националната безбедност. Тој е од клучно значење за „Златната купола“ што ја градиме, а НАТО треба да преземе водечка улога во тој процес, рече американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа „Тру соушал“.

Трамп нагласи дека Вашингтон нема да дозволи други сили да ја преземат иницијативата.

„Ако ние не го сториме тоа, Русија или Кина ќе го сторат тоа, а тоа нема да се случи“, напиша тој со големи букви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе