Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, тоа е планирано уште минатата година, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро.
Тој наведе дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд.
„Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане“, посочи Баро за „РТЛ радио“.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
