„Напуштете го Иран“ во првата можна и безбедна прилика им порача Министерството за надворешни работи на македонските државјани во Иран, додека немирите продолжуваат да ескалираат низ државата. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кои не се неопходни. Апелот е поради сериозно влошената безбедносна состојба во Иран.
Од Министерството за надворешни работи наведуваат дека на располагање ги имаат ставено сите свои капацитети за асистенција на македонските државјани, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Македонија во Анкара +90 539 456 97 10.
Претходно и САД им порачаа на американските граѓани во Иран веднаш да ја напуштат земјата – во соопштението на амбасадата наведуваат дека протестите низ Иран ексалираат и може да станат насилни. Во земјата има зголемени безбедносни мерки, затворање на патишта, прекини на јавниот превоз и блокади на интернетот.
