Повеќе од 100 000 визи на странски државјани поништи Американскиот Стејт департмент во 2025, што е двојно повеќе од 2024 година – последната година од администрацијата на експретседателот Џо Бајден.
Поголемиот дел од поништените визи се на туристи и деловни лица кои престојувале во САД и по истекот на документот кој им е издаден.
Поништени се и околу 8 000 студентски визи и 2 500 специјализирани визи за работа на лица кои имале судир со законот за време на престојот во САД, односно се осудени или обвинети за некое кривично дело, вклучувајќи напад, кражба или возење под дејство на алкохол.
-Ќе продолжиме да ги депортираме бандитите за да ја одржиме Америка безбедна, стои во соопштението од Стејдепартментот.

-Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе продолжи да ја става Америка на прво место и да ја штити нација од странски државјани кои, како што рече, претставуваат ризик за јавната или националната безбедност, изјави Заменик-портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.
