Вести Македонија Топ вести

Станови по 3000 евра за квадрат – за пет години квадратот зголемен двојно

Станови по над 3000 евра за квадратен метар во третиот квартал биле продадени во Општина Центар во Скопје и во Охрид, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности. Најскапите станови биле продадени двојно поскапо од просечната цена во општините.

Во Центар биле продадени 205 станови, а просечната цена била 95 илјади денари, односно над 1500 евра. На второ место е Карпош, каде што просечната цена била 500 денари пониска. Во Аеродром и во Кисела Вода, просечната цена била околу 78 илјади денари, односно скоро 1300 евра, а во Охрид за 2000 денари помалку. Просечна цена над 1000 евра била постигната уште во скопските општини Гази Баба и Ѓорче Петров.

Најскапи станови биле продадени во Центар, Охрид, Аеродром и во Карпош. По нив следуваат Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази Баба, каде што најскапиот квадрат бил 107 илјади денари, односно 1700 евра.

Податоците на Народната банка покажуваат дека цените на становите во третиот квартал се зголемиле за 25 отсто во однос на лани. За пет години, цените на недвижностите речиси се удвоиле односно пораснале за скоро 93 проценти.

Градежникот Никола Велковски вели дека има низа причини за поскапувањето – недостиг на атрактивни локации и поскапување на земјиштето, влијание на инвеститорите врз урбанистичкото планирање, поголема побарувачка отколку понуда, поскапување на материјалите и работната рака, но најмногу, како што вели, еднократните инвеститори.

„Сега најмалку градат градежниците. Ние градежниците со градежни фирми водиме политика да имаме повеќе работа, подолгорочна работа и водиме сметка цените да не отидат многу за да имаме работа и утре и задутре, да ги ангажираме капацитетите. Сега, овде во 90 отсто градат еднократни инвеститори, него го интересира од еден објект што повеќе да земе, а дали утре ќе гради или нема, него не го интересира веќе градежништвото. Најдобро и најчисто перење на пари е градежништвото. Практично најдобра легализација се прави преку градежништвото“, вели Велковски.

Извештајот од регистарот за цени и закупнини на Агенцијата на катастар покажува дека побарувачката на станови се зголемува. Од друга страна, резултатите од пописот во 2021 година покажуваат дека во Скопје има 60 илјади празни станови. Во Општина Центар, 40 отсто од становите зјаеле празни, а цените растат.

Гувернерот Трајко Славески летоска рече дека половина од становите се купуваат на кредит, а половина во кеш, а УЈП го идентификува градежништвото како високоризичен сектор од аспект на даночна дисциплина.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе