Вести Македонија Најважни

Судот го ослободи Никола Груевски за „Талир 2“ и го одби барањето на Обвинителството за конфискација на партискиот имот

Никола Груевски е ослободен од обвинението за „Талир 2“ за изградба на партиското седиште во центарот на Скопје, а одбиено е и барањето на Обвинителството за одземање на партискиот имот.

Судот дополнително ќе одлучи дали ќе го поништи одредениот притвор на обвинетиот Никола Груевски за овој предмет.

Според судијката, „Обвинителството не докажа дека обвинетиот Никола Груевски надвор од разумно сомневање го сторил делото“. Во образложението на пресудата, судијата објаснуваше зошто сегашната пресуда е ослободителна, за разлика од првичната пресуда донесена од истиот Суд кога Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, беа осудени на 6 години затвор и на условна казна затвор. Тој рече дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик кои беа донесени во 2023 година.

Судијата објаснуваше дека овие измени го принудија Обвинителството да го преквалификува делото и во изменетиот обвинителен акт Груевски беше обвинет дека инкриминирачките дела ги сторил поради пречекорување на службените овластувања.

Но, иако кривичното дело беше променето, Обвинителството останало да го докажува делото со истите докази – забележа судијката, која споредувајќи ги двете дела според кривичната терминологија, заклучи дека „не може да се тврди дека некој ги пречекорил овластувањата кога воопшто немал такви овластувања“.

„Со изменетиот опис на обвинението и на фактите, Судот, оценувајќи го секој доказ, заклучи дека Обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторил кривичното дело пречекорување на службените овластувања“ – наведе судијката.

Груевски беше обвинет дека спротивно на најмалку два закони – за финансирање на партии и за облигациони односи – избрал и склучил договор со инвеститор за изградба на партиско седиште, иако знаел дека тоа е незаконски и дека партиите не смеат да остваруваат имотна корист преку договори со приватни инвеститори кои економски зависат од партијата на власт. Воден од материјален интерес, Груевски склучил договор за изградба на партиско седиште според неговите желби, притоа не водејќи сметка ниту за цената на чинење, ниту за размерот на седиштето, а партијата стекнала над 500 милиони денари.

За да прикријат дека веќе е избрана фирма за градење на седиштето, Груевски и Божиновски – кој тогаш бил генерален секретар – договориле да се претстави избор на најповолен понудувач, при што Божиновски лично го организирал и го контролирал јавниот повик.

„Занемарувајќи ја состојбата на зависност на правната фирма која 70 проценти од приходите ги остварувала со склучени договори со државни органи, јавни установи и претпријатија, пред да биде спроведена постапката договориле да го изградат новото партиско седиште кое отстапувало и од условите и од површината на парцелата според ДУП-от“.

Обвинителството има право да ја обжали денешната пресуда, но предметот застарува
на 31 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На градилиштето каде загина работник немало заштитни мрежи – објектот на Пречистителната станица доби забрана за работа

Дејан Дејан

(Фотогалерија)ЕУ донираше нови возила на Државниот инспекторат за транспорт

Tea Dimkovska

Од 189 комунални возила само 76 во исправна состојба – ревизорите со најниска оценка за работењето на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе