Вести Македонија Топ вести

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Забраната за работа на објектот на Пречистителната станица во Скопје, каде што при пад од височина загина работник во петокот, ќе трае до отстранувањето на недостатоците, велат во Државниот инспекторат за труд за Телма. На градилиштето на Пречистителната станица се работи на 58 објекти. Работата на останатите објекти продолжува. 52-годишниот работник бил во редовен работен однос, на работно место тесар и загинал при пад од околу 20 метри при демонтажа на скеле.

Трудовите инспектори констатирале дека на градилиштето немало колективна заштита, односно немало заштитни мрежи или други мерки за заштита на скелето од пад од височина, а работникот немал ни лична заштитна опрема, односно не бил врзан со сигурносно јаже. Начините за заштита треба да бидат опишани во планот за безбедност и здравје при работа, но трудовиот инспекторат во моментов ја нема комплетната документација, зашто сопствениците на фирмата се во Германија.

По насоки на јавен обвинител, телото било однесено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта, а на местото на несреќата е направена фотодокументација. Пречистителната станица почна да се гради минатата година, со кредит од 136 милиони евра од Европската инвестициска банка и неповратен грант од 70 милиони евра од ЕУ. Инвеститор е Водовод и канализација Скопје, а го гради конзорциум од германската фирма ВТЕ Васертехник и македонската градежна фирма Жикол. До нив пративме прашања како дошло до несреќата и дали биле почитувани мерките за заштита при работа, но засега не се огласија за несреќата.

Пред неполни три месеци, еден работник загина, а четворица беа повредени на градилиште во Кисела Вода, кога ги затрупа земја во темелната јама, која не била заштитена од обрушување. Јавен обвинител изврши увид на местото и издаде наредби за постапување до различни институции. Еден месец подоцна, свлекување на земјиштето во темелна јама на градилиште на булевар Теодосиј Гологанов проголта дел од тротоарот и оштети инсталации, а багеристот кој во моментот работел, едвај спасил жива глава. По наредба на надлежните, градилиштето беше затворено, а јамата беше затрупана за да не направи штета и на околните објекти.

Срѓан Стојанчов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нафтата поскапа за 15 отсто за само четири дена, експертите предлагаат кризната состојба да продолжи, но да се внимава со мерките.

Дејан Дејан

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе