Забраната за работа на објектот на Пречистителната станица во Скопје, каде што при пад од височина загина работник во петокот, ќе трае до отстранувањето на недостатоците, велат во Државниот инспекторат за труд за Телма.
На градилиштето на Пречистителната станица се работи на 58 објекти.
52-годишниот работникот бил во редовен работен однос, на работно место тесар и загинал при пад од околу 20 метри при демонтажа на скеле.
- Инспекторите констатирале дека на градилиштето немало колективна заштита, односно немало заштитни мрежи или други мерки за заштита на скелето од пад од височина, а работникот немал ни лична заштитна опрема, односно не бил врзан со сигурносно јаже.
Начините за заштита треба да бидат опишани во планот за безбедност и здравје при работа.
