Вести Економија Најважни

Славески – Половина од становите се купуваат во готово

Дури една половина од новопродадените станови се купуваат во кеш, соопшти гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната средба во Стопанската комора, коментирајќи го големиот раст на цените на становите во Скопје.

Според податоците на Народната банка од вториот квартал, цените на становите во изминатите 12 месеци се зголемени за дури 22,3 проценти.

„Според она што го добивам како информација, проценка, околу 50 проценти од новопродадените станови се купуваат на кредит, другите 50 проценти се во готовина. Ние немаме сознанија од каде доаѓа таа готовина, дали е од заштеди, дали е од некои приливи за коишто не сакаме да зборуваме, има други институции коишто треба да го утврдат, секако и Народната банка“, изјави Славески.

Во споредба со 2021 година, според податоците на Народната банка, за четири години, квадратот поскапел за дури 75 проценти. Од друга страна, илјадници станови во Скопје зјаат празни.

Гувернерот Славески минатата недела изјави дека високите цени на становите се повод за загриженост за Народната банка и најави мерки за ограничување. Но, Народната банка може да влијае само во мал дел од однос на каматните стапки.

Се размислува за разграничување на каматите за кредитите за купување на живеалиште и кредитите за купување на станови заради инвестиција. Тие за живеалиште треба да бидат пониски, а тие се стан заради инвестиција повисоки.

„Не може НБРМ тоа да го направи сама, секако дека и Владата има дури и помоќни механизми од нас од аспект на оданочувањето, понатаму помагањето, субвенционирањето на станови за млади брачни парови итн., а секако стои и она што го кажаа градежниците дека треба да продолжи оној процес за освојување на нови површини каде што треба да се изгради инфраструктура за издавање на градежни дозволи за и на тој начин да се зголемува понудата на тоа добро“, вели Славески.

Пописот од 2021 година покажа дека во Скопје има скоро 60 илјади празни станови. Во Центар имало скоро 11 илјади празни станови, односно 40 проценти од вкупниот број, во Карпош над 10 илјади празни, во Аеродром 8500, во Кисела Вода над 7600, а од тогаш дополнително се изградени уште неколку илјади нови.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе