Вести Локални избори 2025

Во штипскиот Затвор утре право на глас имаат  92 осуденици од 23 општини

Во Затвор Штип утре право на глас имаат 92 осуденици. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев вели дека пристигнат е доверливиот материјал, а утре во 6 часот членовите на Избирачкиот материјал ќе го подигнат од ОИК и во 7 часот ќе го отворат Избирачкото место во Затвор Штип. Деведест и двајца осуденици своето право на глас ќе можат да го искористат до 19 часот. Гласаат осуденици од 23 општини и Град Скопје.

Во текот на утрешниот ден гласаат и болни и изнемоштени лица.

Во Општина Пробиштип за вториот круг на Локалните избори право на глас имаат 12. 251 избирач, а ќе бираат меѓу двајца кандидати за градоначалник, Тони Тоневски од ВМРО – ДПМНЕ и Драган Анастасов од СДСМ.

Во оваа општина утре ќе гласаат и болните и изнемоштени лица. За вториот круг пријавени се 262 болни и немоќни, а во првиот круг гласаа 208 болни и изнемоштени лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе